ФОТО: Му зема се што имаше, па уште го провоцира на Твитер

 

Фудбалерите Макси Лопез и Мауро Икарди од Аргентина беа најдобри пријатели се додека вториот не му ја украде сопругата на својот другар.

Лопез настапува за Сампдорија, а Икарди за Интер. Овие двајца фудбалери за прв пат во неделата, откако пријателството го прекинаа поради Ванда, се појавија еден против друг на теренот.

Лопез секако пред почетокот на мечот одби да се поздрави со неговиот некогашен пријател, кој неколку дена подоцна продолжи да објавува провокативни фотографии на својот Твитер профил.

Најнапред објави фотографија како со шета со синот на Лопез и тоа во дресот на Интер, а потоа објави нова фотографија уште попровокативна и воедно напиша:

-Зошто Ванда секогаш ме тера вака да возам?

Како што пренесуваат италјанските медиуми овој знак со прстите кој го направи Икарди на фотографијата значел рогови.

 

15.04.2014 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега