Тодоров: Ќе се асфалтира патот од Каменица до Паланка

 

Поврзување на Македонска Каменица со Крива Паланка, односно „Саса“ со „Тораница“, преку асфалтирање на патот во должина од  17 километри е еден од проектите што денеска го промовираше носителот на листата на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во третата изборна единица, Никола Тодоров.

- Тоа се две соседни општини, кои досега не биле споени со патна инфраструктура. Очекувам дека овој проект ќе се реализира 2016-2017 година, а вредноста на инвестицијата е околу 10 милиони евра. Се надевам дека со изградбата на овој пат ќе се овозможи подобра економска поврзаност меѓу овие две соседни општини, олеснување на превозот на луѓе, стоки и капитал, како и заживување на целиот овој регион од економски аспект, рече Тодоров презентирајќи дел од пред изборната програма со 2.046 проекти на ВМРО - ДПМНЕ пред жителите на Македонска Каменица.

Тој потенцира дека ќе продолжат со проектот за изградба на 120 тениски игралишта. - Предвидуваме изградба на две овде во Македонска Каменица во периодот од 2014 до 2016 година, најави Тодоров. 

15.04.2014 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега