И сдсмовските експерти веќе не можат да го бранат Заев - сите се свртеа против СДСМ!
Причините за катастрофалните изборни резултати кои што веќе неколку изборни циклуси ја следат најголемата опозициона партија СДСМ очигледно и понатаму не допираат до тамошните челни луѓе Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои наместо одговорноста да ја превземат на свој грб со немањето на квалитетни и издражни проекти тие и понатаму во стилот на Бранко Црвенковски продолжуваат да ја омаловажуваат интелегенцијата на народот, велејќи дека тој се уште не ја покажал својата волја и дека допрва се очекува да расте поддршката за нив.
Со ставовите на првиот опозиционер Заев не се согласуваат дури ни оние најголеми поборници на опозицијата и први критичари на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Сашо Ордановски распали по раководството на најголемата опозициона партија. Тој во емисијата што беше проследена на телевизијата 24 Вести најави дека партијата која може да ја победи оваа владејачка гарнитура се уште не е формирана.
„Јас мислам дека на СДСМ можеби ќе му се случи судбината на ПАСОК. Партијата која ќе ја победи оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ се уште не е ни формирана“, рече Орданоски.
Екс главниот и одговорен уредник на весникот Нова Македонија, Зоран Димитровски смета дека во овој момент постојат голем број на партии кои во првиот круг одземаа од избирачкиот колач на Пендаровски, па оттука тој сега очекува во вториот круг главниот опонент на ВМРО ДПМНЕ сега да соберат околу 270.000 гласвои на парламентарните избори. Ова значи само едно, а тоа е Зоран Заев да си поднесе оставка.
-Може да се случи многу веројатно СДСМ на парламентарните избори да има некоја бројка од 260.000-270.000 гласа и тоа да биде резултат што е за 100.000 помалку од минатите парламентарни избори, што гледано од аспект на тоа како СДСМ минувал на сите претходни избори, ќе треба Заев да си поднесе веднаш оставка. Значи, ако Шекеринска, Бучковски, сите поднесувале оставки и со многу помали резултати и Бранко Црвенковски на крајот на краиштата после локалните избори, тогаш СДСМ навистина е пред еден сериозен распад, осбено што имаше кругови кои ја критикуваа оваа политика на Заев. Може да се случи тие кругови многу сериозно да формираат одредена политичка структура, на крајот да го расцепат СДСМ, смета Димитровски.
Можеби звучи неверојатно но дури на листата на оние кои испратија жестоки критики кон раковоството на СДСМ се најде и новинарот Александар Чомовски кој праша за каква храброст зборуваат во СДСМ ако не можат да се соочат со граѓаните и да влезат во избирачкото тело, да го мотивираат.
„Оваа дефиниција на системска кражба на гласови е континуитет на СДСМ и додека не излезат од таа матрица дека се некој друг им е виновен не можат да се свртат кон сопствените грешки, кон пронаоѓање на модел во кој ќе се справат со таканаречениот режим. Ако мислеа дека со раздвоена кампања што можеше да изгледа на прв поглед добра, ако мислеа дека само со понуда „граѓанинот пред се“ може да се освои избирачот, тогаш пораката им стигна“, вели Чомовски.
Уреднкот на порталот Плус Инфо Бранко Героски, отворено и пред почетокот на кампањата застана на страната на СДСМ и не ја криеше својата поддршка. Но истиот тој Геровски незадоволен од резултатот на изборите, својата лутина сега ја насочи кон агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорги Спасов, блиска до раководството на СДСМ и која на Пендаровски му предвидуваше победа, а наместо тоа, тој изгуби со над 120 илјади гласови во првиот круг од изборите.
Героски два пати по ред го прозиваше Ѓорги Спасов од „Рејтинг“:
Згора на тоа, и човекот кој важи за близок до раководството на СДСМ и кого медиумите го прогласија за неформален советник на Заев, Саше Ивановски- Политико во колумна упатена до СДСМ ги критикува за слабата кампања.
-Не може да се победи режим со лидер кој делел тендери на најтесното семејство и прави гафови речиси на секое интервју, неможе да се победи режим со портпарол кој самиот решавал за тендери во времето на Бране, не може да се победи режим со потпретседател кој склучил тендер со кумановскиот градоначалник, не може да се победи режим со заменик претседател кој е срамно богат и го покажува богатството пред јавноста. Не може да се победи режим со изјави дека СДСМ нема да бидат патриоти, не може да се победи режим со редовни средби со странските амбасадори, не може да се победи режим со албански реклами во кампања, напиша Политико.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа