ВИДЕО: Само Десковска од СДСМ може да се пресоблече 10 пати во еден ден
Десковска може да се пресоблече 10 пати во еден ден. Барем така покажува видеото од денешната нејзина средба со граѓаните во првата изборна единица, каде таа е носител на листата на опозициската СДСМ и коалицијата.
„Македонија се наоѓа во значаен момент, момент во кој сите граѓани со своето учество на изборите треба да одлучат по кој пат ќе пролжи државата. На една страна е патот кој го одиме осум години: пат на сиромашни граѓани, пат на уценети граѓани, пат на притисоци и закани, пат на енормни казни, пат на криминал и корупција и блокирани институции. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е спремен да Ве поведе на патот на подобриот живот, патот на економски развој, патот на слободата и демократијата. Ние сме спремни за промени за нов почеток, ние сме спремни на нашите граѓани да им го вратиме достоинството, среќата и загубениот спокој. Тоа го можеме само заедно со Вас. Затоа, Ве повикувам сите, и оние кои гласавте на 13-ти и оние кои не излеговте да гласате, масовно да излеземе на избори на 27-ми април и да им кажеме не: на сиромаштијата, на поделбите, на нетрпеливоста, на уцените и притисоците. Ве повикувам заедно да се избориме за подобра иднина на Македонија!“ рече Дескоска во соопштението што го испрати СДСМ.
Со оглед на тоа што во соопштението не пишува на кои места Десковска остварила средби со граѓаните, се поставува прашањето дали таа воопшто излегла на терен, или централата на Бихаќка само се обидела да протури изјава во медиумите, информирајќи за наовдна активност на своите носители. Сомнеж повеќе додава и фактот дека СДСМ воопшто и не најави ваква посета, пракса која партијата редовно ја спроведува, а не испрати ниту фотоматеријал, нешто што исто така редовно го прави.
Доказ повеќе е и тоа што од видеото може да се забележи дека снимките се направени во други денови, односно кога времето било сончево, бидејќи на нив може да се забележат луѓе со очила и кратки ракави, а денеска, надвор времето е врнежливо и навистина студено за некој да шета без јакна.
Пресс24 вчера објави дека раководството на СДСМ практично исчезна по поразот во првиот круг. Освен една прес конференција на лидерот Заев, вчера ги немаше ниту вообичаените митинзи, а не се вртеа ниту телевизиските спотови на опозицијата ниту пак спонзорираните линкови и рекламите на Facebook.
Молк владее и меѓу поддржувачите на СДСМ на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа