80 годишна старица паднала во бунар
80 годишна старица вчера попладне паднала во 8 метри длабок бунар додека се обидувала да наполни вода. Несреќата се случила во едно село во Даламција но за среќа со брза интервенција на противпожарните служби, старицата е спаена. Среќа во целата несреќа е што во близина на бунарот имало луѓе кои виделе што се случиле и ги алармирале пожарникарите. Еден од нив со јаже се спуштил во бунарот и ја извадил старицата. Пожарникарите во изјава за хрватските медиуми велат дека морале да интервенираат брзо бидејќи водата била многу ладна, па секоја минута плус во водата значела и дополнителен ризик по животот на старицата.
Пред помалку од едн месец, 76 годишна жена почина во Задар откако падна во бунар
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа