Грчка компанија ќе инвестира шест милиони евра во Македонија

Грчката компанија  „Харма Фрут“ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија и до крајот на годинава најавува изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, во што ќе вложи три милиони евра.  

- „Агритера“ е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја нуди на инвеститорите и овозможува извоз на висококвалитени земјоделски производи  во Европа  и пошироко,  изјави министерот Наумоф кој денеска се сретна со грчкиот инвеститор.

Сопственикот на „Агритера“ Кристос Келесидис вели дека идеалната местоположба, поволните климатски услови и квалитетот на земјоделските производи биле пресудни да донесат одлука за инвестирање во Македонија.

- Сакам да се заблагодарам за гостопримството и условите за работа што ни ги овозможија. Имаме големо искуство во  овој бизнис и сакаме да го смениме начинот на работа во вашата земја во земјоделството и во производството. Тука сакаме да направиме голема фабрика со која ќе бидеме конкурентни на европскиот пазар, изјави Келесидис.

Инаку, „Харма фрут“ е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20 годишно искуство.

15.04.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа