Воз прегази две дечиња - лекарите се борат за нивниот живот
Тригодишното детенце Горан Д. и неговиот една година помлад брат, двегодишниот Радослав се тешко повредени откако на нив налетал воз и ги удрил. Дечињата брзо биле пренесени во Клиничкиот центар во Србија, каде лекарите се боран да им го спасат животот.
- Постарото момченце има фрактура на черепот и тешки повреди на градниот кош. Радослав е итно примен во болница, а кај него е констатирана исто така скршеница на черепот. Тој засега не е во животна опасност и нема потреба да се оперира, но неговиот брат се бори за живот, а ние даваме се од себе, велат лекарите за српскиот АЛо.
До несреќата дошло додека дечињата играјќи си до пругата налетале на возот и немале време да се тргнат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа