Му пукал во глава на татка си па му запалил свеќа - детали за грозоморното убиство

Балканот го потресе уште едно грозоморно убиство. 44-годишниот Горан Степановиќ си го убил 69-годишниот татко Слободан Степановиќ пукајќи му со пиштол во лицето, а потоа му запалил свеќа, па сам и се предал на српската полиција.

Како што пренесуваат српските медиуми, убиецот го убил татка си вчера околу 10 часот и 50 минути во нивната семејна куќа, а во полицијата изјавил дека неговиот татко го разбудил од спиење со прекор, но засега не се знае конкретниот мотив за убиството.

Горан пукал во татка си додека тој бил во тоалет и го усмртил со еден куршум. Соседите велат дека тој неодамна се развел од сопругата со која има три малолетни деца и дека не знаат кој би можел да биде мотивот за убиството. Велат дека старецот бил добар човк кој се правел за синот и цел живот работел за него.

15.04.2014 - 10:08
Фото: 
ало.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега