"Заспивав во училиште по напорните настапи" - Цеца си ја отвори душата за младоста

Во ексклузивно интервју за српскиот Ало, Цеца си ја отвара душата и раскажува за својата младост и за стартот на нејзината кариера.

- Мојот талент беше познат уште од мојата десетта година. Ме нарекуваа чудо од дете. Од мојата прва песна па до сега, се се одвива многу брзо во мојот живот, вели Цеца за Ало.рс.

Таа додава дека на почетокот била толку уморна и истоштена, што спиена во училиште.

- Секогаш нешто зборував и сакав повеќе. Не бев задоволна. Доаѓав доцна, рано одев во школо, и таму заспивав на клупа. Имав толкава желба да пеам, ништо друго не беше важно, вели Цеца.

Исто така, Цеца вели дека постојат нешта во животот за кои научила дека не можат да се променат, но мора да се прифатат колку ида се тешки, како смртта на нејзиниот сакан. - Правам се за на моите деца ништо да не им недостасува, да им бидам и мајка и татко и да не им фали љубов. По неговото убиство, не се повлеков од медиумите, тука сама во себе помеѓу четири ѕида. Преку ноќ созреав, тоа беа тешки времиња од кои цел живот ќе имам лузна.

15.04.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега