Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во февруари 2014 година е 2.379.809.000 денари што претставува зголемување за 28,4 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 77,3 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 22,2 процента.  

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските растенија, млекото и рибата, додека опаѓање на вредноста се забележува кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи. 

15.04.2014 - 09:36
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа