Антиќ опуштено со Шарлот

Атланта беше поразена на домашен терен од тимот на Шарлот со 95:93, но и покрај неуспехот на овој меч сепак тимот на нашиот кошаркар Перо Антиќ успеа да обезбеди пласман во плеј-офот. 

Антиќ на паркетот мина 19 минути, постигнувајќи три поени, три скока и две асистенции. 

Најефикасен во таборот на Атланта беше Мајк Скот со 20 поени, додека победата на Шарлот му ја донесе Ал Џеферсон кој имаше одлична вечер со дабл-дабл учинок од 27 поени и 15 скокови.

Кошаркарите на Мемфис се последните кои обезбедија пласман во плеј-офот, откако ноќеска постигнаа победа на теренот на директниот конкурент Феникс. Мемфис е осмата екипа од Западната конференција со пласман во завршницата.

Најзаслужен за победата на гостинскиот тим беше Зек Рендолф со 32 поена.

Резултати на ноќешните натпревари: Феникс - Мемфис 91:97, Филаделфија - Бостон 113:108, Торонто - Милвоки 110:100, Вашингтон - Мајами 114:93, Атланта - Шарлот 93:95, Чикаго - Орландо 108:95, Хјустон - Сан Антонио 104:98, Њу Орлеанс - Оклахома Сити 101:89, Јута - ЛА Лејкерс 104:119, и Голден Стејт - Минесота 130:120.

15.04.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега