Јакимовски - ГРОМ со 4 пратеници во Собранието

 

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) би сакала на претстојните прдвремени парламентарни избори да освои најмалку четири пратенички места.

Ова вечерва на средба со граѓаните во населбата Влае во Општина Карпош го изјави лидерот на партијата Стевчо Јакимовски. Тој заедно со носителот на листата на пратеници од ИЕ 1, Чедомир Саздовски, денеска имаше средби со граѓаните во повеќе скопски населби.

- Сакаме Република Македонија да ја видиме како функционална демократија со развиено цивилно општество и со независно, слободно новинарство. Нашата мисија е да застанеме зад сиромашните, зад оние што се угнетени, уплашени, да им помогнеме на оние што им треба потпора и да се бориме за перспективи за младите луѓе, рече Јакимовски

14.04.2014 - 23:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега