ОБСЕ: Жената во Косово мора да има влијание!
Жан Клод Шлумбергер, шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа на Косово оцени дека жените на Косово мораат да имаат поголемо влијание.
- Жените сочинуваат речиси половина од населението на Косово, а сепак нивната застапеност во општинските органи и механизмите за одлучување е под 28 отсто. Ова мора да се промени и жените како рамноправни членови на општеството мораат да имаат поголемо влијание, нагласи Шлумбергер.
- Рамноправното вклучување на мажите и жените во процесите на подготовка на буџетот ќе им помогне на општините, подобро да ги оздразат вистинските приоритети на своите жители и да придонесат за почитување на начелата на полова рамноправност, како што е предвидено со закон, оцени тој.