ФОТО: Погледнете каква порака му испратија стружани на Груевски

 

Граѓаните на Струга не ја забораваат поддршката од премиерот Никола Груевски во 2004 година, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ застана зад Стружани кога се носеше Законот за територијална организација, кој подоцна се покажа како погубен за нив, а истиот беше верификуван од тогашниот претседател на ДИК, Стево Пендаровски.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со митинг денеска во Струга ја продолжи изборната кампања, по големата победа на Ѓорге Иванов во првиот круг од претседателските избори со над 120.000 гласа предност пред Стево Пендаровски.

Премиерот Груевски беше еуфорично пречекан во Струга, каде можеше да се забележи и транспарент со порака до него, на кој беше испишано: Никола: Во 2004 година како и секогаш беше со стружани, а стружани остануваат со тебе до крај!

Груевски во 2004 година отворено застана зад стружани и беше против Законот за територијална организација, тврдејќи дека истиот е донесен под притисок на одделни радикални структури и дека ВМРО-ДПМНЕ  е против територијалната поделба.

СДСМ и Бранко Црвенковски тогаш се противеа на референдумската иницијатива и бараа граѓаните да не гласаат на референдумот, со паролата „Некои прашања не заслужуваат одговор“, а поради недоволната излезност од 51 отсто референдумот беше прогласен за неуспешен.

Со Законот за територијалната поделба во 2004 поддржан од СДСМ, кој подоцна се покажа како погубен за Македонците од Струга и Кичево, Албанците во Кичево и Струга станаа доминантна етничка заедница.

ВМРО-ДПМНЕ вчера во Струга оствари убедлива победа освојувајќи над 7 500 гласови, што е досега најдобриот резултат остварен во Струга за претседателски избори.

14.04.2014 - 21:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега