Стоматолошкиот клинички центар доби нова опрема

 

Нови 20 стоматолошки столици, три автоклави и еден панорамски рендген се инсталирани на клиниките за ортодонција, орална хирургија и за болести на устата и парадонтот, при универзитетскиот Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“. 

Министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска го посети Стоматолошкиот клинички центар изјави дека со оваа инвестиција во висина од над 6,5 милиони денари ќе овозможиме да се зголеми бројот на пациенти.

- На тој начин ќе се врати реномето во поглед на бројот на пациенти, кој го имаше порано оваа здравствена установа. Столовите беа 15 до 20 години стари и даваа многу лоша слика за состојбата во Стоматолошкиот клинички центар и ги одвратуваа пациентите да добиваат услуги во оваа установа. Опремата е набавена од заштедите што ги направија двајцата директори во функционирањето на Клиниката, посочи Тодоров.

- Ова е најреномирана установа од стоматолошки карактер во целата држава со најдобри стручњаци и со нова опрема, додаде Тодоров.

Поради појава на кражба на чешми во тоалетите на Стоматолошкиот клинички центар, тој истакна дека ќе бидат поставени камери за да се спречат понатамошните кражби. 

најчитано сега