Падна и првиот притвор за вчерашните избори

 

Две лица заработија по 14 дена притвор поради попречување на изборниот процес. Според објавените информации, жители на Струмица се приведени под сомение дека го нарушиле изборниот процес заканувајќи им се други жители од Турското маало во Струмица да гласаат за една од партиите. 
И двајцата ќе одговараат кривично.
Жителите на Турското маало во Струмица днеска протестираа правдајќи ги дека не го сториле делото. Тие тврдеа дека повикале полиција поради соседска кавга, а не поради нарушување на изборниот процес.

14.04.2014 - 19:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега