Рилкоски: Нема приговори до ДИК за првиот изборен круг
Првиот круг од претседателските избори во Македонија помина мирно. Од 1.779.572 избирачи запишани во Избирачкиот список, на гласање излегле 869.137 граѓани или 48,84 отсто, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Никола Рилкоски.
За кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ѓорге Иванов гласале 449.068 граѓани или 51,67 отсто, за кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски 326.133 или 37,52 отсто, за Иљаз Халими од ДПА 38,966 или 4,48 отсто и за кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски 31.366 гласачи или 3,61 отсто.
До одржувањето на прес-конференцијата, до ДИК немаше поднесено приговори од учесниците на вчерашните претседателски избори. Рокот за поднесување на приговори е 48 часа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа