Јанкулоска во Старо Негоричане: Ќе продолжиме со поддршката на земјоделците

 

Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска денес оствари средба со жителите од Старо Нагоричане.

-На позитивни реакции наидува информацијата дека во следните четири ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка на земјоделците со нови 600 милини евра за субвенции. Посебно ги радува земјоделците новиот проект календар на субвенции кој во суштина ќе им даде прецизен предлег на датумите, кои субвенции кога се исплаќаат што ќе помогне во процесот на планирање на трошоците и секако ќе помогне во нивното менаџирање со ресурсите, посочи Јанкулоска.

Јанкулоска пред жителите на Старо Нагоричане го промовираше и проектот за помош при осигурување на земјоделските површини. Носителот на ИЕ2 нагласи дека токму поради овие причини државата предлага 60 проценти учество во осигурувањето на земјоделските површини.

14.04.2014 - 16:02
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега