Русија ќе ја освојува Месечината
Русија тргнува во освојување на вселенскиот простор, поточно на Месечината.
Русите не гледаат смисол во бројните мисии на Месечината и затоа таму планираат да направат постојана база, за да не треба постојано да патуваат назад на Земјата.
- Месечината е одвоена, самостојна цел во вселенската трка. Не би било рационално да се направат 10 или 20 летови на Месечината. Овој процес има почеток, но нема крај. Ќе пристигнеме таму и ќе останеме засекогаш, истакна Димитриј Рогозин.
Ова е еден од приоритетите на руските власти. Руската вселенска агенција Роскосмос оваа недела објави дека ќе започне со дизајнирање на вселенско летало и ракета, кои ќе ги испрати на Месечината.
Првата мисија Луна-25, која беше долго одложувана, е закажана за 2016 година. Во втората мисија во 2018 година на Месечината Русите ќе испратат орбитер кој ќе го надлегува сателитот, а во 2019 година летало со дупчалка кое ќе бара вода.
До 2040 година Русија има намера да создаде вселенска база за долготрајни мисии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа