Македонија го збриша Пендаровски

 

Вистински дебакл доживеа кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Според официјалните резултати од ДИК, тој изборите ги загуби со над 122.000 гласови разлика. Податоците на државната изборна комисија покажуваат дека Пендаровски победил во само 4 општини низ Македонија и тоа Карпош, Центар, Струмица и Чучер Сандево. Со исклучок на резултатите во Центар и Карпош, во останатите 2 општини разликата меѓу него и Ѓорѓе Иванов е многу мала.
Иванов според податоците од ДИК, освои 448.776 гласови, а за Пендаровски гласале 326.090 гласачи

14.04.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега