Го однеле на гробишта и го искасапиле со секира - грозоморно убиство го потресе светот

 

Две лица од Германија мачеле иубиле таксист од Прага. Се работи за 16-годишниот Дан Ј. и 21-годишниот Хендрик М. кои отпатувале во Прага каде минатата година го убиле 38-годишниот таксист Јан К. 

Момчињата се качиле во таксито кое го возела жртвата и побарале да ги однесе на гробишта. Откако ги оставил на посакуваната локација, тој излегол да запали цигара, но момчињата во еден момент го зграбиле и започнале да го дават, а потоа едното од нив извадило и секира со која го удирале 42 пати.

За жал, насилниците на таксистот му ги расекле рацете, нозете, вратот...потоа мртвото тело го фрлиле во грмушки,а  пред тоа му ги зеле парите, клучевите и мобилниот телефон.

Ова грозоморно убиство го згрози светот.

14.04.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега