Рилкоски: Изборите поминаа во мирна атмосфера
Претседателот на ДИК, Никола Рилкоски, синоќа на прес-конференција истакна дека изборите поминале во мирна и демократска атмосфера, освен во Неготино, каде бил забележан еден инцидент.
Според претсдеателот на ДИК, едно лице влегло и искршило гласачка кутија, по што гласањето било прекинато.
Инаку, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов победи на првиот круг од претседателските избори со добиени 448.303 гласови (51,65%), втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 326.069 гласови (37,57%), покажуваат првичните неофицијални резултати што ги објави изутринава Државната изборна комисија на својата веб страница.
Вториот круг од изборите за шеф на државата ќе се одржи на 27 април за кога се закажани и предвремените парламентарни избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа