Груевски: Победивме во цела Македонија

Премиерот Никола Груевски се заблагодари за поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Ѓорѓе Иванов, кој на својот конкурент Стево Пендаровски му избега со 118.000 гласови.

- Македонија покажа дека има разлика и какви вредности поддржува. Тоа се труд, чесност, многу работа, одговорност и посветеност. Благодарни сме за поддршката која ни дава сила за крајната цел на 27 април, истакна Груевски.

Премиерот истакна дека во текот на кампањата слушнале многу прогнози и истражувања, од кои дел биле лажни, но сега е кристално јасно дека апелот на ВМРО-ДПМНЕ бил раелен, логичен и вистинит.

- Од резултатите, денеска СДСМ го победивме во сите општини освен Арачиново, Чучер Сандево, Сарај...во сите останати општини имаме поддршка од граѓаните. Денеска победивме во Гази Баба, Велес, Охрид, Велес, Кисела Вода, Илинден, Ѓорче, Аеродром, Кратово, Крива Паланка, Ресен, Струга, Пробиштип, Демир Хисар, Кривогаштани, Демир Капија, Сопиште, Чаир, Делчево, Могила, Ранковце, Крушево, Шуто Оризари, Градско, Дебар, Јегуновце, Богданци, Маврово, Дојран, Долнени, Врапчиште, Куманово, Вевчани, Дебарца....ситакна премиерот и истакна честитики за успешните избори бидејќи изборниот ден беше мирен, без проблеми, во фер и демократска атмосфера.

Груевски истакна благодарност до сите граѓани независно за кого од кандидатите гласале.

- Пред нас се уште две недели. Има многу работа. Се надевам дека граѓаните кои апстинираа, па и оние кои гласаа за другите кандидати ќе добијат доволно добри аргументи да ни ја дадат поддршката на 27 април, вели Груевски.

13.04.2014 - 22:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега