Заев: Ова не е волјата на народот

 

  Резултатот во првиот круг за избор на претседател не е воопшто очекуван, ниту од нас ако опозиција. Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател. ВМРО-ДПМНЕ преку системска кражба на гласови во деновите пред и во деновите на изборите. РЕзултатот е нов удар врз демократијата. Граѓаните ја знаат вистината. Ние сме тука, во најтешките моменти да не дозволиме режимот да доминира. Овој страв нема да дозволиме да се повтори во вториот круг. Ова е срам за оваа режимска власт и ја покажува нивната слабост, истакна првиот човек на СДСМ, Зоран Заев во своето вечерашно обраќање.

Заев очекува подобри резултати на вториот круг од претседателските избори.

-Убеден сум дека на 27 април граѓаните ќе се кренат и во вториот круг ќе имаме сосема различни резултати. Ќе бидеме масовно присутни на сите избирачки места. Нема да дозволиме демократијата во Македонија да биде прегазена по не знам кој пат. Волјата на народот мора да се почитува. Не смее да се фалсификува. Тоа власта мора да го разбере и ќе го разберте на 27 април. Ова не е волјата на народот. Борбата продолжува, порача Заев.

13.04.2014 - 22:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега