Пендаровски не го призна поразот

 

320.000 гласови за мене се храброст. Им честитам на сите што гласаа денеска за мене.Ова вечерва го истакна кандидатот на СДСМ за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски,

-Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети ниту пак на успесите на политичката структура која го поддржува. Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг, јас имам намера до последниот ден да се борам за концептот идеите и вредностите во кои верувам.Уверен сум дека и во вакви услови на систамтски притисок и на систематски закани и уцени можеме да дојдеме до победа на 27 април, рече Пендаровски.

-До сите оние кои денеска гласаа за мене и сите оние кои не излегоа на гласаа од различини причини ќе им порачам една работа. Немојте да паѓате со дух, борбата не е завршена, додаде претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

13.04.2014 - 22:44
Фото: 
Република

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа