МОСТ: Иванов заработи 52,14% - Пендаровски - 38,78% од гласовите

 

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 580 набљудувачи, кои покрија над 15 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно над 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина:

Врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите одѕивот на гласачките места бил 49,64%. Процентот на неважечки ливчиња е 2,78%. За гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати:

 

1. Ѓорге Иванов – 53,14%

 

2. Илјаз Халими – 4,5%

3. Стево Пендаровски – 38,78%

4. Зоран Поповски – 3,58%

Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка од +/-1%.

13.04.2014 - 22:10
Фото: 
mia

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа