Се продава најголемиот син дијамант во светот- еве колку чини

 

Најголемиот син дијамант во светот, чија вредност се проценува меѓу 21 и 25 милиони долари, ќе се најде на продажба на аукција следниот месец во Женева.

 

Аукциската куќа Christie's го претстави дијамантот од 13.22 карати за коj не се знае точно од каде е изваден. Проценувачите od Christie's претпоставуваат дека е од Јужна Африка каде што се пронајдени најголемиот број на сини дијаманти.

 

„Каменот е чист. И одвнатре и однадвор нема никакви неправилности. Едноставно, тоа е најдобриот син дијамант на светот", рекла Рахул Кадакиа од Christie's.

Сините дијаманти се многу ретки и сочинуваат помалку од два проценти од вкупниот пазар на дијаманти.

 

Сопственикот, кој долго го имал овој дијамант, сакал да остане анонимен, а се одлучил за продажба затоа што смета дека сега може да достигне одлична цена.

13.04.2014 - 22:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа