Потрага по околу 50 исчезнати нелегални имигранти во Егејското Море

Грчката крајбрежна стража започна операција за пронаоѓање на пловен објект на кој се наоѓаат oколу 50 нелегални имигранти во близина на островот Лезбос во Егејското Море.

Се претпоставува дека луѓето кои се наоѓаат на пловниот објект телефонски испратиле сигнал за помош.

Во акцијата учествува и брод на Европската агенција за управување на надворешните граници на земјите од ЕУ (ФРОНТЕКС).

Претходно, во крајбрежниот реон на островот Лезбос биле откриени околу 20 нелегални имигранти.

13.04.2014 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега