Ова е за почит- двајца полицајци вратиле паричник со 1.700 евра

Двајца полицајци од Крагуевац- ( Србија) нашле паричник со 1.700 евра,а потоа го му го вратиле на сопственикот при што за ваквиот гест добиле пофалба од полицискиот синдикат на Србија.

„Сообраќајните полицајци Велизар Антониевиќ и Ненад Свичевиќ пронашле паричник со пари. Го исконтактирале сопственикот за да му ги вратат парите. Тој им предложил парична награда, и инсистирал на тоа, но тие одбиле“, рекол претседателот на српскиот полициски синдикат, Вељко Мијаиловиќ и додаде дека ваквата постапка е за пофалба, бидејќи иако тоа е една од основните задачи на полицајците, да им помагаат на граѓаните, ова е гест кој што заслужува внимание.

13.04.2014 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега