ГРОМ: Изборите поминаа во релативно фер и демократска атмосфера

 

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ГРОМ, ги оценуваат денешните избори ккао релативно фер и демократски.

Според Љупчо Пренџов од изборниот штаб голем успех е тоа што како новоформирана партија со нова изборна програма толку брзо има и свој претседателски кандидат.

Очекува дека позитивните резултати за нивниот кандидат Зоран Поповски ќе бидат вистинско изненадување.  

- Сметам дека самиот факт што граѓаните имаат трета опција, е изненадување за сите, а сигурен сум дека ќе имаме и добри резултати – изјави тој.

Како неправилност го посочи кршењето на избирачка кутија во Криволак за што реагирале до ДИК.

13.04.2014 - 19:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега