Заев: Сакам денеска да добиеме сите!

 

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев попладнево гласаше на Избирачкото место во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица. Откако го оствари своето право на глас,Заев посака фер и демократски избори.

- Посакувам денеска да добиеме сите, со тоа што ќе имаме фер и демократски избори. Само на тој начин, сите граѓани на Република Македонија, како и ние политичарите, ќе славиме победа за нашата Македонија, рече Заев, изразувајќи надеж дека изборниот процес ќе продолжи во фер и демократска атмосфера.

- Сите граѓани на нашата земја да одлучат кого ќе го испратат во вториот изборен круг, како кандидат за претседател на државата, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 

13.04.2014 - 19:29
Фото: 
НоваТВ

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега