Пендаровски: Се надевам дека денешниот ден ќе заврши во демократски дух
Се надевам дека Република Македонија конечно е подготвена да направи изборен циклус како што доликува на секоја европска демократија.
Ова денеска го истакна претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски откако гласаше во избирачкото место во МЗ Автокоманда.
Пендаровски изрази очекување дека денешниот ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух.
- Се надевам дека денешниот ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух, сите процедури ќе бидат испочитувани и на крајот на денот нема да сведочиме за некои постапки, кои ги видовме во претходниот ден кога посебната категорија луѓе и особено гласањето во дијаспората не се одвива во согласност со законските одредби, истакна Пендаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа