Убедливо водство на Иванов во Осмата изборна единица
КАндидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата !За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов освоил најмногу гласови на избирачките места во Осмата изборна единица, каде се гласаше ден претходно.
Одѕивот на гласачките места бил најмасовен во конзулатот во Торонто, каде од 413 пријавени гласачи, гласале 239. Од нив, кандидатот Ѓорге Иванов освоилл 219 гласа,додека за кандидатот Стево Пендаровски гласале 15. Во Детроит гласале 169 граѓани од вкупно 285 регистрирани. Соодносот е 150 гласа за Иванов, 14 за Пендаровски, три гласа за Зоран Поповски и еден за Илјаз Халими. Во конзулатот во Њујорк на гласање излегоа 137 гласачи, и гласањето поминало без забелешки. Иванов добил 109 гласа, а Пендаровски 18. Во Чикаго, од 209 пријавени гласачи, правото на глас го искористиле 58. Амбасадата во Вашингтон има највисок процент на
одѕив на пријавените гласачи – од вкупно 40 пријавени, гласаа 32.
Во Амбасадата во канадскиот главен град Отава одѕивот бил 50 проценти од пријавените 27 гласачи.
Инаку, гласањето на претседателските избори во САД помина без поголеми нарушувања, со исклучок на гласањето во конзулатите во Детроит и Чикаго, од каде морал да биде отстранет Јани Хаџи Еленов, кандидатот за пратеник на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија.
Хаџи Еленов дошол на двете гласачки места, првo во Детроит, а попладнето и во Чикаго, и агитирал пред просториите за гласање делејќи пропаганден материјал за себе и за својата партија. По реакција на гласачите и набљудувачите, тој бил замолен да замине. Во двете гласачки места биле информирани и службите за обезбедување на објектите во кои се сметени гласачките места, а во Детроит и полицијата, поради нарушување на гласањето, откако Хаџи Еленов не сакал да замине. По половина час убедување, Хаџи Еленов ги напуштил гласачките места во Детроит и во Чикаго.
Дополнително, во гласачкото место во Детроит имало забелешка од изборната комисија откако еден од гласачите, на примерокот на гласачкото ливче залепен на влезот во просторијата за гласање, го заокружил кандидатот на Социјал-демократскиот сојуз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа