Поповски: Нека победи најдобриот!
Очекувам коректни, фер избори, да се изрази навистина слободната волја на граѓаните. Се надевам дека ќе нема притисоци врз нивниот личен избор, рече претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски по гласањето на избирачко место во ОУ „Братство“ во општина Карпош.
- Нека победи најдобриот. Тој што има најмногу гласови, тој што ќе добие поддршка од граѓаните. Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви недоразбирања и проблеми. Денеска, исто така, во фамилијата е убав ден, затоа што мојот син првпат има право да гласа и денеска ќе го оствари своето право, истакна Поповски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа