ВМРО-ДПМНЕ: Мирни, фер и демократски избори

 

 

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска по затварањето на збирачките места изјави дека Македонија денеска имала мирни, фер и демократски избори. Според Димовски ова се едни од најслободните и најдемократските избори во Македонија до сега.

Инаку, Македонија денеска бираше претседател по петти пат. Битката се водеше меѓу Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Илијаз Халими од ДПА, Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и за  Зоран Поповски од коалицијата ГРОМ.

Право на глас имаа 1.779.572 лица запишани во Единствениот избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од четворицата кандидати. Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17:40 часот бил 41,23 отсто.

13.04.2014 - 19:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа