До 17 часот гласале 60,25% од гласачите во Крива Паланка

 

ВО Крива Паланка до 17 часот на гласање излегле 60,25 % од гласачите, или 10.413 гласачи од вкупно 17.277 граѓани со право на глас.

- Имаме информации од избирачките одбори од неколку избирачки места дека се регистрирани одредени неправилности, но тие не влијаат на избирачкиот процес. Забелешки пристигнале од 2 избирачки места, но тие се решени експресно од страна на општинската изборна комисија, рече претседателот на ОИК Крива Паланка, Георге Ристовски.

И во Ранковце изборниот процес поминува во мирна, фер и демократска атмосфера. 

- Од вкупно евидентираните 3.110 гласачи кои гласаат на 13 избирачки места, до 17 часот е забележана голема излезеност  од 64 проценти или 1986 граѓани, изјави Билјана Тасевска, земеник претседател на ОИК од Ранковце.

13.04.2014 - 18:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега