ИЗлезноста во Гевгелија до 17 часот 60,1 отсто

 

Излезеноста на гласачите на претседателските избори во општина Гевгелија заклучно со 17 часот изнесува 60,1 отсто.

Од вкупно запишаните 19.509 граѓани со право на глас на 37 избирачки места гласале 11.718 лица.

Во општина Дојран правото на глас заклучно до 17 часот го искористиле 1.561 гласачи од вкупно 2.776 евидентирани на гласачкиот список што претставува 56,23 отсто.

Во периодот до затворањето на кутиите во 19 часот се очекува уште поголема излезност на гласачите во општините од југоистокот на Македонија. 

13.04.2014 - 18:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа