Како таткото на своите деца им објаснил дека е главен лик во светот на аматерската порнографија

 

Фарел Тимлејк, порнографскиот могул морал внимателно да размисли како ќе им објасни на своите деца со што се занимава...

Тој во почетокот на 90-тите ја започнал својата кариера во светот на порнографијата. Прво работел како актер и снимал филмови за продуцентската куќа "Homegrown Video". Станува збор за продуцентска куќа која ги откупува аматерските домашни видеа и Фарел редовно им испраќал снимки кои ги правел со својата жена. Кога "Homegrown Video" се нашла пред банкрот, Фарел и неговата сопруга позајмиле пари од неговата мајка и ја откупиле продуцентската куќа.

Бизнисот наскоро расцветал. Фарел станал популарен на интернет, на кабелската телевизија и потполно доминира во светот на аматерската порнографија.

Во едно интервју за Huffington Post live открил дека морал да смисли стратешки план пред да им објасни на своите деца дека работи во порно индустријата.

"Тоа беше разговор во неколку етапи. Само што стануваа тинејџери осетив потреба да им објаснам со што се занимавам и која е мојата специфична поврзаност со тоа.За моја среќа кога го завршив тој разговор ми кажаа: Тато сфаќаме и тоа не е некоја голема работа", објаснува Фарел.

13.04.2014 - 18:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега