Царинската управа се закити со сертификат МАКЦИС

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, официјално му го врачи Сертификатот за функционалност на царинскиот информациски систем МАКЦИС, наменет за обработка на царински декларации. МИОА го издава овој сертификат за информациските системи кои ги користат органите при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат, а Царинската Управа е првата државна институција во Македонија која добива ваков сертификат. 

ва е прв сертификат кој се доделува на една институција, врз основа на Законот за електронско управување, а сертификатот е уште едно признание дека Царинската Управа има направено многу во однос на развојот и воведувањето на информатичко - комуникациски технологии. Со воведување на стандарди во оваа област, кои треба да бидат едноставни за практикување, институциите ќе бидат подготвени да разменуваат информации меѓу себе, да го надградат системот за интероперабилност, а со тоа и граѓаните ќе добиваат информации на еден шалтер, изјави министерот Ивановски.

-Директорот на Царинската Управа, Каргов истакна дека со сертификатот е потврдена примената на најдобрите ИТ практики и највисоките механизми и стандарди за информациска безбедност во Царинската Управа. Воедно се потврдува усогласувањето на Царинската Управа со одредбите на Законот за електронско управување и остварувањето на заложбите на Владата на Република Македонија за електронска комуникација и размена на податоци помеѓу органите на државната управа, информираат од МИОА.