Сеуште не гласале ни половина од граѓаните

 

На третата прес-конференција денеска, Државната изборна комисија инфирмираше дека обработени се податоците од 92 избирачки места и до 17:40 часот излезноста е 41,23 проценти, односно, правото на глас до сега го исполниле 693.091 граѓанин.

Според бројот на излезноста предност има Битола каде гласале 42.532 гласачи, или 54 проценти, потоа Прилеп со 58,82 излезност, па Аеродром каде 34.731 лице го искористиле правото на глас, Куманово со 38,29 проценти или 33.587 гласачи. Во Гази Баба гласале 27.403 граѓани.

Помала излесност има во Тетово, 16,315 а слично е и во Гостивар каде гласале само 18,86 проценти.

Во Чаир гласале 13,75 проценти од гласачите, во Гевгелија до пред дваесет минути гласале 60,18 проценти. Ви Штип гласале 24.267 лица, во Кавадарци 57,41 отсто. Во Карпош излезноста е 55,89 проценти, во Кисела Вода 55,39. Во Центар гласале 23,056 лица или 53,87 граѓани. Во Струмица излезноста е 52,56 проценти. Во Велес гласале 24.305 или 52,1 процент. Во Охрид на гласање излегле половина од избирачкото тело, или 25,608 граѓани.

Многу помал процент има во Теарце, 16, 17 проценти или 3419 гласачи, во Студеничани 15,52 или 2234 гласачи.Во Врапчиште гласале 12,13 отсто.

Во Пласница е забележана ниска излезност или само 10,45 проценти, додека во Сарај 9,15 отсто (2679). Во Липково само 8,9 проценти или 1891 лице. Во Желино 1648 гласачи или 7,60 проценти.

Во истиот термин во 2009, излезноста била 48,73 проценти.

 

13.04.2014 - 17:58
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа