Погледнете ја оваа излезност во Дебар до 17 часот

 

Во општина Дебар од вкупно 17.272 лица колку што се запишани во единствениот избирачки список, до 17 часот правото на глас го оствариле 13,41 отсто.

Според секретарот на Општиската изборна комисија Али Реџа, гласањето се одвива мирно. 

- Во пограничното село Спас, односно гласачко место 551 излезноста е нула, што подразбира дека во гласачката кутија нема ни едно гласачко ливче, рече Реџа.

Во единствениот избирачки список, во ова гласачко место се запишани 72 лица со право на глас, сите припадници на албанската етничка заедница. Гласањето го следат претставници на граѓанската организација „Мост“ а повеќе гласачки места се посетени и од набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР

13.04.2014 - 17:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега