Проверете колкава е излезноста во Струга до 17 часот

 

Во Општина Струга до 17 часот своето право на глас на петтите претседателски избори во Република Македонија го оствариле 21,57 проценти од вкупниот број запишани гласачи во единствениот избирачки список, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани. 
 
Според него, изборниот процес во општина Струга тече мирно и без проблеми.
 
- Гласањето се одвива нормално и без проблеми и досега не се пријавени неправилности, рече Хани.

Во Струга денеска имаат право да гласаат 57.983 граѓани на 101 гласачко место.

Во 2009 година на Претседателските избори во Струга до 17 часот гласале 16.936 гласачи или 45.9% од вкупниот број на избирачи запишани во Единствениот избирачки список.

13.04.2014 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега