Погледнете колкава е излезноста во Гостивар до 17 часот
Според информации од трите општински комисии во гостиварскиот регион, Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, изборниот процес се одвива без забелешки.
Во општина Гостивар од запишани 76.883 лица, правото на глас го искористиле 14.501 гласачи што е приближно 18.8 проценти.
Во однос на претседателските избори во 2009 година излезноста годинава е повеќе од двојно помала. Тогаш до 17 часот гласале 13.861 гласач или 41.1% од гласачите.
Во општина Врапчиште, од запишаните 24.289, на гласачките места до 17 часот, излегле 2.947 граѓани односно 12.13 проценти.
Во Маврово-Ростуше, од 9.445 запишани во избирачкиот список, 2. 769 гласачи односно 29.32 проценти го оствариле своето избирачко право.
Вчера, во трите општини правато на глас имаа можност да го остварат 115 изнемоштени и болни лица
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа