ЕУ и Нато порачуваат: Русија да прекине со обидите за дестабилизирање на Украина
Европската унија ја повика Русија да ги прекине сите обиди за дестабилизирање на Украина и ги повика украинските власти да продолжат со демонстрирање воздржаност.
Шефот на европската дипломатија Катрин Ештон наведе во соопштение дека е „серизоно загрижена од акциите преземени од вооружени лица и сепаратистички групи во градови во источна Украина“.
Таа ја повика Русија да ја почитува територијалната целина на Украина и да ги повлече војските натрупани во близина на границата и да ги спречи сите акции кои имаат за цел дестабилизација на Украина. Ештон изразува надеж дека на средбата закажана за 17 април во Женева со државниот секретар на САД и министрите за надворешни работи на Украина и Русија ќе се договори стабилизирање на ситуацијата.
Министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ во понеделник ќе се состанат во Луксембург за да дискутираат како таа ќе реагира на зголемувањето на тензиите во Украина и да се проценат последиците од можниот прекин на испораката на гас за Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа