Едвај спасил жива глава - го тепале со часови за акумулатор

Младо момче од Србија била претепано од четири насилници поради акумулатор! Според податоците од српскиот Курир, се работи за 20-годишниот Дамир Ј. на кого четворица насилници му упаднале во куќата додека спиел доцна навечер со својата сопругата.

Насилниците кои полицијата која пристигнала на местото на настанот ги привела, влегле во куќата на момчето, го извлекле надвор, и го малтретирале со часови барајќи му акумулатор за камион. Во еден момент едно од четирите лица извикало: Ајде да го заколеме, дајте ми нож! Потоа, му побарале пари, а откако тој им кажал дека нема, го однеле во шума и започнале брутално да го тепаат.

За среќа, неговата сопруга успеала да се јави во полиција, па тие ги пронашле и привеле разбојниците кои му приредиле хорор на младото момче за акумулатор.

13.04.2014 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега