ДИК: Нема пристигнато ниту еден официјален приговор за нерегуларности

 

Гласачкиот ден минува во мирна, фер и демократска атмосфера, без неправилности и нерегуларности, информира членот на ДИК, Влатко Сајковски.

-Гласањето според информациите на ДИК, кои што ги добиваме од цела Република Македонија, тече нормално и во рамките на она што значи добро организирани избори. До сега нема некои поголеми проблеми и потешкотии во организирањето на овие избори, вели Сајковски.

Во однос на информациите кои ги пласираат НВО дека имало одредени нерегуларности, Сајковски истакна дека до Давната изборна комисија досега не пристигнал ниту еден официјален пригор.

-Доколку има и ако постојат некои неправилности, тоа секако дека ние би го санкционирале, вели тој.

ВО секој момент се очекува ДИК да излезе со податоци за излезноста до 17 часот. До 13 часот, гласаа 25% од граѓаните на Македонија.

13.04.2014 - 17:04
Фото: 
Либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега