Тоа е верност: Куче цела недела чекало пред болница за да го види сопственикот!
Еден бездомник од Бразил отишол на лекар откако бил удрен од напаѓач со камен во главата, но поради дополнителни здравствени проблеми морал повеќе од една недела да остане во болница. Она што е најинтересно во оваа приказна е дека неговото куче, за сите тие денови го чекало пред болницата за да се осигура дека неговиот сопственик е добро.
Лаури да Коста од бразилскиот град Пасо Фундо успеал да дојде до болницата откако бил удрен со камен во лицето, но лекарите утврдиле и дополнителни здравствени проблеми и тој морал итно да се оперира, објави Дејли меил.
Кучето Секо останало на паркингот пред болницата се додека повторно не го видело Лаури, осум дена подоцна кога персоналот му одобрил да излезе еден час за средба со најдобриот пријател. Во меѓувреме и лекарите го забележале кучето и го хранеле. Бразилски медиуми тврдат дека Да Коста се уште е на лекување, а неговото верно куче се уште стои пред болницата во очекување на заедничка нова средба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа