Еве како изгледа споредбата на излезноста со ланските избори

 

До 14 часот гласале една четвртина од граѓаните кои имаат право на глас. Оваа бројка е помала во однос на локалните избори во 2013, кога до 14 часот гласале речиси 35% од граѓаните.

Општина Битола бележи највисока излезност до 14 часот- 28.960 гласачи, но, и оваа бројка е помала отколку на ланските избори кога на гласање излегле над 40% од граѓаните. Во Куманово, пак, од вкупно 90.000 гласачи, на гласање излегле 21.000, што е е помалку во однос на минатите избори кога гласале нешто помалку 30 % од граѓаните со право на глас.

Во Прилеп досега гласале 41% од граѓаните, додека на локалните избори во 2013 година, до 14 часот гласале 46,7% од граѓаните со право на глас.

Од општините во кои доминира албанско население, Липково е општина со најниска излезност од 3,7 % или 877 гласачи. Во ова доба од денот, на локалните избори во 2013 година, гласале една четвртина од гласачите.Во Чаир исто така се забележува пониска излезност отколку лани. До 14 часот гласале 1625 граѓани или 7.5%.. И ГОстивар е една од општините кои бележат пониска излезност отколку на локалните избори - до 14 часот гласале 8.000 граѓани. До 14 часот гласале 11,6 отсто од полнолетните тетовчани, што е три пати помалку отколку лани.

Во скопските општини има висок просек на излезност. Аеродром и Кисела ВОда бележат повеќе излезени гласачи, отколку лани на локалните избори.

Висока излезност има и во поголемите македонски градови - Штип, Охрид, Велес, Кавадарци и Струмица.

13.04.2014 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега