Зошто "Бубалиците" се најдобри?

 

Зошто? Затоа што бубалиците се најдобри!

1. Бубалиците имаат една или две работи кои тие апсолутно ги обожаваат во било кое време. Тоа значи дека поседуваат страст и се способни да сакаат.

2. Бубалиците знаат дека нештото што го сакаат може да биде чудно и со тоа покажуваат дека човек не мора да биде 100% самоуверен за нештото што го сака. Со тоа, автоматски тие ќе ве поддржат за било која страст што ја имате, без разлика на тоа дали станува збор за берење на сличиња или облекување како лик од некоја серија.

3. Бубалиците имаат конструктивно зависна личност. Луѓето гравитираат кон активности од кои голем дел се деструктивни. Бубалиците го исполнуваат нивното време со проекти и придонеси.

4. Бубалиците не играат игри. Да, можеби играат „Call of Duty“, меѓутоа во врска, тие се јасни и прецизни.

5. Бубалиците се само-свесни. Тие често се свесни дека луѓето ги гледаат како бубалици. Сепак, тие смело продолжуваат да бидат бубалици. Прифаќањето на сопствената „маана“ и нејзиното претворање во симбол на чест, е знак дека личноста е навистина вредна.

6. Бубалиците сакаат да решаваат проблеми, и своите и туѓите. Ако една бубалица поминува четири недели обидувајќи се да ја поправи компјутерската грешка, тогаш истата таа бубалица ќе остане цела ноќ за да го реши проблемот во врската.

7. Бубалиците сакаат да бидат најдобри во се'. Оваа нивна постојана мотивација за само-подобрување е навистина одлична особено за врската во која се наоѓаат.

8. Нив им е удобно во сопствената кожа. Да сакаш нешто дури и тогаш кога општеството го мраз е огромен плус за една личност.  

Извор: Факултети

13.04.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега