Што му се случило на мажот кој беше пронајден мртов кај Велес?
МВР се уште истражува дали мажот кој пред два дена беше пронајден мртов кај Велес, бил жртва на убиство.
Полицијата проверува дали мажот кој беше пронајден на патот кон Дуругутевец бил убиен или станува збор за несреќа. Очевидците велат дека местото е оградено со полициски ленти, а истражителите постојано работат на собирање докази.
- Во петокот околу 19 часот информирани сме дека е пронајден машки труп во близина на отпадот Еко Kулев, на патот кон Дурутовец. Нашите екипи работат на идентификување на телото, кое е предадено на обдукција, вели портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, пренесува Република.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа